Дотерување на миленици

Со Вашите миленици работиме со љубов и внимание,неприменувајќи никакви методи на присилба, со желба миленикот и сопственикот посетата кај нас да ја доживеат како задоволство.

Новина е примената на шампони,регенератори и други производи за нега на влакното на база на овошје, мед, чајно дрво и сл. зависно од типот и состојбата на влакното. Во својата работа применуваме високо хигиенски стандарди, дезинфекција на приборот(четки,чешли) и работната површина.

Ова се дел од нашите услуги:
  • Бањање
  • Нега на оштетено и проблематично влакно
  • Медицински третман против болви и крлежи
  • Сечење нокти
  • Чистење уши
  • Чистење (истиснување) анални жлезди

Во третманите ја користиме колекцијата на Dermoscent -EFA Treatment и Dermoscent - Essential без сапун намените за осетлива кожа и  кожа со алергиски реакции кај кучиња и мачки.

Карактеристики:
  • Темелно ја чисти најосетливата кожа и влакно,
  • Ефикасно ја елиминира нечистотијата и алергените,
  • Ја смирува и ја намалува иритацијата,
  • Го намалува создарвањeто нa првут,
  • Ја хидрира кожата и ја зголемува природната одбрамбена функција на епидермисот.

Индикации:
  • Примарни индикации:
  • Специфичен шампон за осетлива и кожа подлoжна на алергии. Се препорачува кај случаи со умерен пруритус (чешање).
  • Секундарни индикации:
  • Дополнителна нега кај тешки случаи на иритација на кожата предизвикана од алергии или себореа и комплементарност со традиционалните антисептички шампони.

 

Прв дермо-козметички бренд во светот посветен на здравјето на кожата на животните, нивната добротворност и убавина на нивното крзно.
Успешен сојуз меѓу природата и науката за доброто на вашите домашни миленичиња.
После редовна примена на Dermoscent препаратот, кожата на вашето домашно милениче ќе ја има оптималната влажност и потхранетост, крзното ќе стане јако, сјајно и мазно.
Без додатоци на вештачки ароми, Dermoscent предизвикува рамнотежа кај екосистемот на кожата, го става под контролора прекумерното губење на влакната и првутот, исто така го подобрува мирисот кај животните правејќи ги адаптибилни за живот со луѓе.
Ефикасноста на третманот со Dermoscent производите придонесува кон подобрување на физиолошкиот процес кај животните што на крај резултира со подобрување и зголемување на квалитетот на животот кој сопствениците го споделуваат со своето домашно милениче.
Dermoscent се препорачува за мачки и кучиња како ефикасно средство за хидратација на кожата и зајакнување на нејзината функција како бариера кон надворешниот свет.
Многу често овие производи се користат како додаток или дури и како комплетен третман кај заболените животни од страна на ветеринарите ширум светот.