ИСХРАНА НА КУЧИЊА

ИСХРАНА СПОРЕД ROYAL CANIN : Одберете здрава храна според тежината на Вашето куче:

SIZE HEALTH NUTRUTION: 4 програми на здрава храна: мали, средни, големи и џиновски кучиња.Овие храни не се направени само по големината на кучињата, староста и нивото на активност туку и според специфичностите на секое куче.

Програма на исхрана за мали раси кучиња од 1 до 10 кг тежина (возрасно куче)

Карактеристики:

Кратка и интензивна фаза на растење

Искучителна издржливост

Различни видови на влакно (долго, таласесто, кратко, меко влакно итн)



ОРАЛНА ХИГИЕНА - СЛАБА СТРАНА НА МАЛИТЕ КУЧИЊА.

  • Намалување на забни наслаги.
  • Превенција од таложење на забен камен.


Во групата МАЛИ (мини) раси се вбројуваат кучиња со тежина од 1 до 10 кг. Овие кучиња се нарекуваат и Toys кучиња чија тежина не е поголема од 4 кг.

Мини кучињата , првенствено биле ценети благодарејќи на својата вештина во ловењето. Денес се популарни како домашни миленици. Добро го поднесуваат урбаното живеење доколку им се обезбеди редовна физичка активност. Мини кучињата многу интензивно растат во првите 6 месеци од животот. Просечно добиваат 20 гр. телесна тежина во текот на денот и до 10–от месец ја зголемуваат својата тежина за 20 пати.

Елегантни и мали по раст малите раси кучиња делуваат како многу нежни, но тие всушност се многу отпорни и силни. Можат да доживеат старост и до 15 години.



Карактеристики на малите раси:

Малите расите често имаат чуствителни заби и непца. Оваа осетливост е поврзана со појавата на забен камен. Соодветната исхрана допринесува до подобрување на оралната хигиена.

Малите раси кучиња покажуваат склоност на појава на забен камен во споредба со другите кучиња од повеќе причини:

  • Лошата поставеност на забите е честа појава кај малите раси кучиња.
  • Забите им се пропорционално големи во однос на вилицата.Лошата орална хигиена ја зголемува оваа слабост и со години може да дојде до повлекување на непцата.
  • Бактериската активност во устата се зголемува со присуството на забен камен што доведува до лош здив.
  • Малите раси кучиња долго живеат, а заболувањата на усната празнина се јавуваат во староста.
  • Домашно приготвената храна или остатоци од храна немаат абразивен ефект во чистењето на забите.


Пребирлив апетит

Малите раси кучиња се пребирливи во храната во споредба со другите раси кучиња. Начинот на живот на малите раси кучиња често пати ги тера нивните сопственици да прават лоши навики во исхраната давајќи им остатоци од храна, слатки и сл. –кои со текот на времето од кучето прават да биде пребирливо.

Возрасните мали кучиња постепено го губат чувството за мирис и вкус, затоа им е неопходна соодветна храна која тоа ќе им го надомести.



Пореметувања во варенето на храната

Начинот на живеење на малите раси кучиња зависи од многу фактори кои влијаат на варењето на храната:стрес, голтање на страни тела, намалена физичка активност итн. Оваа чуствителност може да доведе до создавање на мек, влажен и волуменозен измет. Основен причинител на оваа чуствителност е несодветно варење на протеините кај малите раси кучиња.



Значајни енергетски потреби

За подобро варење на храната мора да се внесуваат лесно сварливи протеини со што се овозможува подобрување на конзистенцијата и мирисот на изметот.

Поради својата големина, малите раси кучиња имаат поголеми енергетски потреби од големите кучиња. Пример за тоа е што тие мора да направат повеќе чекори за да поминат иста далечина во споредба со големите кучиња.

Некои мали раси кучиња се склони на зголемена телесна тежина. Главна причина за тоа е намалувањето на нивните енергетски потреби :

- Нивниот живот поврзан за домот или недостаток на физичка активност.

- Нивната физиолошка состојба, како последица на кастрација или стерилизација.


Некои раси имаат генетска предиспозиција на дебелина . Масните наслаги кај малите раси кучиња настануваат многу рано. Затоа прекумерното хранење може да доведе до создавање на масни наслаги кај малото кученце што може да го наруши неговиот складен раст и развој.

Секое прекумерно зголемување на телесната тежина може да влијае на здравјето на кучето дури и да го намали неговиот очекуван животен век. Поради тоа соодветната храна и стекнатите навики се од витално значење за кучето.



ПРЕПОРАКА: Контролирајте ја промената на тежината со мерење на Вашето куче секоја недела. Доколу забележите масни испакнувања на градите, грбот и коренот на опашката, намалена активност, брзо заморување, тешко поднесување на напор или на високата надворешна температура, Ви препорачуваме да го однесете на ветеринар.



Кожа и крзно

Квалитетот на кожата и крзното е огледало на здравјето на кучето. Лошата здравстена состојба се одразува преку сува кожа, прекумерно опаѓање, кршливо влакно, иритации на кожата и чешање.

Малите раси кучиња поминуваат многу време во домот каде мирисот и убавината на нивното крзно имаат посебно значење.

Во урбаните средини малите раси кучиња се изложени на загаден воздух и квалитетот на нивното крзно постепено се намалува. Како што стареат така нивното влакно го губи сјајот и станува кршливо, а кожата ја губи својата еластичност. Интересно е да се нагласи дека проблемите поврзани со кожата преставуваат главна причина за посета на ветеринар на малите раси кучиња со старост од 2 месеци до 7 години.

Програма на исхрана за средни раси кучиња од 11 до 25 кг тежина (возрасно куче)

Карактеристики:

Брза и напредна фаза на растење која завршува по една година.

Кучиња кои имаат многу енергија.

Одржување рамнотежа во системот за варење.



Групата СРЕДНИ раси кучиња ги опфаќаат кучињата чија тежина изнесува од 11 до 25 кг. Меѓународната кинолошка организација има признато 137 средни раси кучиња.

За само 12 месеци малите кученца од средните раси ја зголемуваат својата телесна тежина од 40 до 50 пати.

Познати по својата храброст, динамичност и физичка способност за живот во природа , средните раси кучиња од секогаш биле ценети миленици.

Со карактеристики на брзина и издржливост, тие можат да бидат исклучителни овчарски и ловечки кучиња. Совршено се прилагодуваат на современиот начин на живот, денес делумно се познати по нивната активна природа и интуиција а повеќе по прилагодливост, послушност и динамичност.

И покрај големиот број и разноличност на средните раси кучиња, може да се забележи вроден инстинкт на секоја раса поединечно ( ловечки, овчарски, кучиња трагачи, кучиња чувари). Колку се изразени тие инстинкти, зависи од начинот на животот на кучето и неговото опкружување.


Карактеристики на средните раси кучиња:


Основни потреби во исхраната

За да ја одржат идеалната тежина и здравје, на кучињата им е потребна одредена количина на енергија. Таа енергија е пресметана според потребите на возрасно куче на Средните раси со нормална активност кои престојуваат на температуре до 20 степени.


Различни потреби во текот на животот

Физиолошкиот статус има влијание на енергетските потреби на возрасно куче, додека малите кученца и скотни женки исто така имаат одредени енергетски потреби. На пример:на кастрирани или стерилизирани кучиња им е потребо и до 30% помалку енергија.


Постојаната активност ги зголемува енергетските потреби

Ловечките и кучињата чувари се постојано активни, па поради тоа им се зголемени и енергетските потреби. Поради тоа потребно е да се прилагоди режимот на исхрана на активните и спортски кучиња на таков начин што ќе им се обезбеди оптимална количина на енергија. Претерано хранење предизвикува дигестивни проблеми кои се многу непријатни за кучето (пролив, мека столица, надуеност) исто така слабата дигестија доведува до слаби асимилации на хранливи материи, што негативно се одразува на здравјето на кучето.


Дебелина и прилагодување на исхраната

Неколку фактори како што се : неактивен начин на живот, лоши навики во исхраната, стерилизација или генетски предиспозиции на одредени раси може да бидат причина за дебелина кај кучињата од средните раси.

Овој проблем не треба да се занемари бидејќи може да предизвика здравствени проблеми, па дури и да го скрати животниот век. Доколку кучето е дебело мора да користи храна со ниско ниво на масти.

Знаци на дебелина:

  • Наталожени масни наслаги на градите, грбот и опашката.
  • Намален тонус на мускулите
  • Намалено движење и тешко поднесување на надворешни зголемени температури
  • Забрзано дишење


ПРЕПОРАКA:

Ние Ви препорачуваме најмалку 20 минути прошетки во текот на денот и најмалку еднаш неделно една подолга прошетка. На кучињата од средните раси им е потребно движење и вежбање за да можат да ја одржат нивната идеална градба и кондиција.

На овие кучиња потребно е да им се одржува природниот имунитет. Долги прошетки како и ловот преставуваат ризик од негативните влијанија на надворешната средина (гребнатини, каснувања од инсекти итн.) Посебно прилагодена храна може да помогне во подршка на природниот одбранбен механизам.



КОРИСНИ СОВЕТИ:

Посветете внимание на ушите, шепите и канџите:

  • Редовно одстранувајте ги болвите и крлежите.
  • Направете дезинфекција на раните со антисептички средства
  • Проверувајте ги ушите, особено ако се долги и спуштени
  • Одете редовно на ветеринар кој ќе може стручно да ги скрати ноктите на миленикот. Ви препорачуваме во домашни услови да не му ги кратите ноктите на Вашиот миленик бидејќи може да му го повредите нервот и да дојде до крварење од крвните садови.

Природна одбрана –кожа и крзно

Кожата и крзното се прва линија во одбраната на кучето. Нивната улога е да го заштитат телото од температурните варијации, шок, УВ зрачења и инфективни причинители.

Програма на исхрана за големи раси кучиња од 26 до 44 кг тежина (возрасно куче)

Карактеристики:

Раст во две фази кои почнуваат со интензивен период (од престанување со цицање до 5-от месец) кој е проследен со брзо растење кое трае помеѓу 5 и 15 месеци.

Многу активни кучиња кои се делат во три групи: овчарски, ловечки и кучиња чувари.

Голема издржливост.



Главни карактеристики на ГОЛЕМИ кучиња:


Од дамнешни времиња , големите кучиња биле ценети поради нивните неверојатни работи способности,тие се исклучителни трагачи, спасучачи, чувари и кучиња за помош.

Силен, верен, многу атрактивен и енергичен макси кучето не е куче само за чување дома туку и одличен партнер во работа и спорт. Големите раси кучиња имаат многу чуствителен систем за варење на храната. Ова обично го забележуваме по меката и волуменозна столица со непријатен мирис. Тоа може да биде резултат на специфични анатомски и физиолошки карактеристики на големите раси кучиња:

  • Дигестивниот тракт на кучињата од големите раси пропорционално е пократок отколку кај кучињата од малите раси (3,3% учество во тежината на големите кучиња е во однос на 7% кај малите кучиња).
  • Зголемена пропустливост на тенкото црево и намалена способност за апсорбирање на солите.
  • Зголемена ферментација поради подолгото поминување на храната низ цревата. Некои причинители (начинот на живот или небалансираната исхрана) можат да ја усложнат осетливоста на дигестивниот тракт кај големите раси кучиња.


Коскено-зглобен систем

Големите кучиња трошат многу енергија. Нивниот голем темперамент заедно со големата телесна маса прават значаен притисок на зглобовите, така што со време може да дојде до оштетувања на коските и развој на артритис. Со изборот на посебно прилагодена храна, почнуваќи од најраната младост може да се допринесе во заштитата на зглобовите.


Кардиоваскуларен систем

Бројот на отчукувања на срцето на големите раси кучиња е помал отколку кај малите раси, но затоа срцето развива поголема сила. Ова ја објаснува склоноста кон срцеви заболувања на кучињата од големите раси, а особено кај кучињата кои се хиперактивни.


Различни енергетски потреби

Активните и спортските големи кучиња имаат потреба за енергија која одговара на нивниот начин на живот, особено ако се работни кучиња изложени на екстремни услови. Овие кучиња се користат за спорт, влечат санки, учествуваат во лов или во спасувачки акции, што значи дека нивните енергетски потреби се условени од климатските услови, амбиентот и секако од расата.


Ризик од прекумерна тежина

Денес дебелите кучиња се честа појава, поради начинот на живот и намалените активности што доведува до зголемување на ризикот за оштетување на здравјето и намалување на животниот век. Зголемената тежина зависи од различни фактори:

  • Генетска предиспозиција на некои раси или природна склоност на некои раси кон зголемена телесна тежина (на пример: Лабрадори).
  • Физиолошки причини: стерелизација каде потребата за енергија се намалува за 30%.
  • Успорен начин на живот и намалена физичка активност
  • Несодветна храна, која е неизбалансирана или преголема.


КОРИСНИ СОВЕТИ:

Посветете внимание на промените во градбата или во однесувањето: депоа на масни наслаги на градите, грбот и колковите, губење на тонусот на мускулите, губење на желбата за вежбање и игра, неподнесување на топлина и забрзано дишење.

Редовно проверувајте ја телесната тежина на кучето, ако се зголеми за 15% или повеќе од идеалната тежина, Ве молиме да не контактирате во врска со промената на исхраната на Вашиот миленик.



СТАРЕЊЕ

Големите раси кучиња живеат околу 10 години. За да може успешно да се борите со стареењето на Вашиот миленик, Вие морате да одберете храна која е посебно прилагодена на нивната големина.Знаците на старење кај големите раси кучиња се различни:

  • Малку енергија и брзо заморување: кучето е малку активно и добива зголемена телесна тежина.
  • Споро варење кое доведува до помало искористување на хранливите материи.
  • Појава на бели влакна, влакната стануваат оштри и кршливи, а кожата помалку еластична.
  • Чуствителност, артритични појави.
  • Промена во работењето на срцето.
  • Зголемен ризик во работењето на бубрезите.
  • Сува кожа, суво и кршливо влакно се знаци дека постои некој проблем кај Вашиот миленик.
  • Доколку ги забележите овие промени, Ве молите да не контактирате за понатамошно лекување на Вашиот миленик.

Програма на исхрана за џиновски раси кучиња од 45 до 100 кг тежина (возрасно куче)

Карактеристики:

Долг и чуствителен период на раст 18-24 месеци.

Овие кучиња се многу популарни поради својата големина и верност кон сопственикот

Пропорционално мал алиментарен тракт

Високи енергетски потреби

Вроден силен апетит



Џиновските раси кучиња се многу популарни и преставуваат 7% од популацијата на кучиња во Европа и вбојуваат 28 раси во 3 основни групи.


Зглобови-специфична чувствителност на џиновските раси

Поради својата големина и големата физичка активност, зглобовите на џиновските раси на кучиња се подложни на голем притисок и можат да бидат повредени дури и во раната возраст. Причините за нивната чувствителност се:

-Генетски: и покрај обидите на селекционерите да го намaлат влијанието на тој фактор.

-Морфолошки: зглобовите се изложени на голем притисок поради тежината на кучињата ( тежината на возрасните кучиња е меѓу 45 kg. и 100 кг.)

-Однесување: големите и напорните физички вежби, особено во раната возраст може да доведат до повреди на скелетот и зглобовите.

-Исхраната: коските се изградени оd ткиво, кое се регенерира дури по завршување на растењето. Небалансираната исхрана може да биде причина за појава на коскено-зглобни пореметувања, кои се манифестираат со кривење и болки.

Кон овие фактори треба да се додаде и возраста, затоа што со текот на времето рскавицата се намалува и постепено може да се развие артритис.



Растeње - од одбивање до 24 месеца

Кучињата од џиновските раси стануваат полово зрели меѓу 18 и 24 месеци. Нивното долго и специфично растење, особено во однос на скелетот, се одвива во три различни фази кои зависат од потрeбата zа енергија, развиеноста на органите за варење на храната и забите.


Прва фаза: oд oдбивањето до 5-от месец: интензивно растење.

Се развива скелетот на кученцата. Во текот на еден ден просечно ја зголемуваат телесната тежина за 160 грама, a на 5 месечна возраст достигнуваат до 50% од тежината на возрасните кучиња. За време на овој пероид органите за варење се многу чувствителни.

Втора фаза:oд 5 до 8 месеци: прогресивно зацврстување.

Коскениот систем на кучињата е речиси целосно развиен ( до 8-от месец кученцата достигнуваат до 90% од големината на возрасно куче).Постепено се намалуваат енергетските потреби на кучињата. Сега е потребно да се спречи ризикот од натрупување на преголема тежина, со што би се преоптоварил скелетот и зглобовите. Системот за варење е целосно развиен, но кученцата се уште ги имаат млечните заби.

Трета фаза: од 8 до 18/24 месеци: развивање на мускулатурата.

Иако во текот на овој период кученцата веќе ја достигнале големината на возрасно куче и ги замениле млечните заби со трајните, тие продолжуваат да растат уште 10 или 16 месеци во зависност од расата.Во оваа фаза завршува оформувањето на мускулатурата и мускулната маса.