КАСТРАЦИЈА НА КУЧИЊА И МАЧОРИ

Кастрација на мажјаци, како и стерилизација на женки, предизвикува дилема и многу прашања кај сопственикот. Многу сопственици незнаат поради што кастрацијата на мажјаци во одредени случаи е индицирана, кога треба да се изврши и како делува на однесувањето и карактерот на животното.


Што е кастрација?

Под кастрација се подразбира хируршко одстранување на двата тестиси во општа анестезија. Погрешно е стерилизацијата на женки да се нарекува *кастрација на женката* бидејќи терминот *кастрација* се однесува само на одстранување на тестиси.


Индикации за кастрација

Најважен аспеkт на кастрацијата е превентива и терапија на одредени болести кои се јавуваат кај машките животни. Кастрацијата се препорачува и кај заболувања на простата. На пример кај хронични воспаленија на простата, зголемена простата или кај појава на тумори и цисти на простата.

Логично, кастрацијата е иницирана и кај заболувања кои се јавуваат на тестисите, на пример кај тумори на тестиси. Кастрацијата се врши за спечување на одредени заболувања како што се хепатоидни аденоми (вид тумори кои се јавуваат околу анусот) или перинеална хернија (вид на кила).Исто така кастрацијата се врши за спречување на кучињата и мачорите да скитааат, територијални борби и територијално одележување.

Мажјаците кои често бегаат и неконтролирано се парат се извор на полово заразни болести.

Мачорите се искучително склони на територијално обележување кое може да биде непријатно за сопственикот. И мачорите кои не излегуват надвор т.е. живеат во станови со урината го обележуваат просторот во кој живеат како и нови предмети во домот.Многу машки животни бегаат од домот поради нагонот за парење и се враќаат со тешки телесни повреди а некои мажјаци никогаш не се враќаат.Со кастрација сите овие проблеми се решаваат. Мачорите кои се ХИВ позитивни веднаш се кастрираат бидејќи се закана за популацијата на мачки. Кастрацијата се врши и со цел на контрола на популацијата на кучиња и мачки. Сопствениците кои имаат животни од различен пол од ист вид, во сезоната на парење имаат големи проблеми за да го спречат несаканото парење.

Бездомните кучиња и мачори похумано е да се кастрираат отколку да се дозволи да создаваат нови генерации на незгрижени животни.


Влијание на кастрацијата врз однесувањето на животните

Кастрацијата е оперативен зафат кој мажјаците лесно ја поднесуваат и многу брзо се опоравуваат. Кастрацијата не го менува карактерот и особините на животното. Метаболизмот на кастрираните животни е малку намален поради недостаток на полните хормони. Доколку сопственикот контролирано го храни своето милениче и ги практикува советите на ветеринарот, мажјакот нема да има зголемена телесна тежина.

Мажјаците престануваат со обележување на територијата со урина за неколку недели од извршената кастрација. Не треба да се одложува кастрација кај мачори кои покажуваат агресивно однесување кон својот сопственик. Во почеток, агресивното однесување во најголем број случаи е предизвикано од потребата на мачорите за парење и територијална доминација. Меѓутоа, ако кастрацијата предолго се одложува, може да се создаде изменет модул на однесување и лоши навики кои кастрацијата не може да ги реши.

Наша препорака е да се кастрираат мажјаците кај кои во скроталната вреќа не е спуштен еден или двата тестиси.

Задолжително треба да се отстранат двата тестиси без разлика на нивната локација. Треба да се кастрираат мажјаци со заболувања на простата или заболувања на самите тестиси, заболени со ХИВ вирусот како и полово преносливи болести. Сопствениците кои не планираат да ги парат своите миленици, најдобро е што порано да ги кастрираат за да се спречи обележување со урина и појава на агресивност.