Хотел за миленици

Во рамките на ветеринарната амбуланта Зоовет-Центар е вклучен и Хотелот за домашни миленици кој Ви стои на располагање во текот на целата година. Ние се грижиме за Вашиот миленик (храна, прошетки, чешлање), под 24 часовен надзор на ветеринарен доктор, кој врши контрола на здравјето, исхраната и физичката активност на миленикот. Сопственикот на миленичето пополнува формулар со основните податоци за миленикот,дава информации за болестите кои ги има прележано миленикот, каква храна јаде, каков е неговиот карактер – дали е агресивен или мирен, како се однесува со други животни и со луѓе. Исхраната на миленикот ја договараме со сопственикот.

Ние ги имаме сите квалитетни дехидрирани храни. Сопственикот треба само да ни нагласи каква храна сака неговиот миленик. Сите миленици кои доаѓаат во нашиот Хотел за миленици мора да имаат потврда дека се вакцинирани.