Ветеринарни услуги

ВАКЦИНАЦИЈА

Редовната вакцинација на домашните миленици има големо значење во превентивата на тешките заразни заболувања кои многу често можат да имааат фатален исход. Од овие болести заболуваат и младите и возрасните животни. Годишната вакцинација воедно е и прилика да се направи комплетен клинички преглед и навремено да се откријат потенцијални здравствени проблеми. Првиот дел од вакцинацијата се врши обично со навршени седум до осум недели од животот на кученцата (49 -56 ден), иако заштита против одредени болести може да се даде и порано доколку за тоа се укаже потреба, односно доколку се забележи дека во oдгледувачницата постои некоја опасност.На вакцините се наоѓаат ознаки за болести чија имунизација се спроведува:

D-canine distemper virus - штенечак-вирусна инфекција која предизвикува респираторни, дигестивни и нервни манифестации, често со фатален исход.

H-hepatitis на кучето-вирусна инфекција, предизвикана од два сродни вируса кои го напаѓаат црниот дроб

Р-parvovirosis-најчеста вирусна инфекција која ја напаѓа слузницата на интестиналниот тракт.

Pi-virus parainfluenza -вирусна инфекција која заедно со вирусот Хепатитис А може да предизвика инфекција на горните респираторни патишта.

Cv-corona virus-вирусна инфекција слична на парвовирозата, но не е толку фатална.

L-leptospirosis -бактериска инфекција која ги напаѓа бубрезите. Многу е важно да се нагласи дека оваа болест се пренесува и на луѓе.



Вакцинирањето на мачките се врши на 2 месеци старост, а ревакцина се дава по еден месец. Подоцна еднаш годишно се врши редовна ревакцинација.

Болести против кои се вакцинираат мачките се:

Herpes virus-кој предизвикува рино-трахеитис, инфекција на горните респираторни патишта.

Calici virus-кој доведува до респираторни инфекции и акутен артритис

Panleucopenia -кај мачки –вирусно заболување –инфективен ентеритис со голем процент на смртност.

Chlamidia Psittaci-бактерисно заболување –кое доведува до инфекции на респираторниот тракт, кај мачките може да се најде на слузницата на дигестивниот и репродуктивниот тракт .


ЕНДОПАРАЗИТИ (третман против цревни паразити)

Здравствено значење за луѓето : некои од внатрешните паразити (на пример: ехинококоза) може да се пренесат и на луѓе и да доведат до многу сериозни здравствени проблеми. Ви препорачуваме протокол за третман против ендопаразити:

  • третман на мали кученца и маченца со 15- 20 дена старост
  • третман со 35-40 дена старост
  • до 6-от месец на старост се повторува третманот на секои 40- 60 дена.
  • Возрaсните миленици треба да се третираат на секои три месеци односно четири пати во текот на годината


ЧИСТЕЊЕ ОД ЦРЕВНИ ПАРАЗИТИ - Постoјат лекови кои се истовремено делотворни и против глисти и против тенија. Ако кучето редовно се третира против овие паразити,тогаш ризикот скоро и да не постои. Редовното чистење од паразити се врши со таблети кои се даваат орално,а дозирањето зависи од возраста и телесната тежина на миленикот.

Мали кученца и мали кучиња

0,5 - 2kg : ¼ таблета

2 – 5kg: ½ таблета

5- 10 kg : 1 таблета


Средни кучиња:

10 - 20 kg: 2 табети

20 – 30 kg: 3 таблети


Големи кучиња:

30 – 40 kg : 4 табети


ЕКТОПАРАЗИТИ(болви,вошки и крлежи)

Болвите може да предизвикаат губење на крвта и анемија кај млади кученца и мачиња .

Крлежите се паразити кои цицаат крв. Тие ја дупчат кожата на вашиот домашен миленик и тука се фиксираат со што се отежнува нивното вадење.Во Европа постои ризик од неколку болести кои ги пренесуваат крлежите а тоа се:

  • лајмска болест
  • ерлихиоза
  • бабезиози

Со редовна употреба на квалитетни средства според упатството на производителот за спречување инфестација на болви и крлежи,допринесувате за здравјето на Вашиот миленик.Некои болести кои ги пренесуваат болвите и крлежите може да бидат и смртоносни,така штo превентивата е многу посигурна отколку лечењето.

Од досегашното работно искуство, Ви препорачуваме вашите миленици да ги заштитите од надворешни паразити со ампулата FRONTILINE SPOT –ON sol. која :

  • Ги убива возрасните болви за 24 часа.
  • Ги убива крлежите за 48 часа и го намалува ризикот од пренесување на некои болести.
  • Ја контролира инфестацијата од вошки во период од 48 часа.
  • Може да се користи кај мали кучиња (со тежина над 2 кг) и мачиња ( со тежина над 1 кг) на возраст од 8 недели .

FRONTILINE SPOT –ON sol

Препаратот FRONTILINE SPOT –ON sol за кучиња и мачки е наменет за сузбивање и спречување на инфестациите од болвите и крлежите. Исто така овој препарат е наменет за третман и за контрола на алергискиот дерматитис предизвикан од болвите, како и превенција и третман на инфестациите од вошки кај кучињата и мачките.

Ампулата кај кучето се аплицира на основата на вратот пред рамените лопатки, а кај мачката најдобро е една капка да се капне на базата на черепот додека другата да се капне 2-3 см. поназад.

Треба да се внимава што помалку од препаратот да дојде на влакната за да се избегне нивниот изглед на замастеност на местото на примената. Замастеноста на влакната исчезнува во текот на 24 часа.

Препаратот FRONTILINE SPOT –ON sol по еднократната апликација обезбедува заштита до еден месец против крлежи (3-5 недели), а до два месеци против болви (1-3 месеци) кај кучињата.

Мачките се заштитени од инфестации од болвите до 5 недели додека од крлежите се заштитени во текот на 3-4 недели

Треба да се има во предвид дека резидуалниот ефект зависи од отпорноста на болвите и крлежите како и од контаминираната околина. За да не се намали делотворноста на препаратот врз кучињата и мачките, не е добро да се капат два дена пред и два дена по примената на препаратот FRONTILINE SPOT –ON sol.

назад на почеток

ДИЈАГНОСТИКА:

За да воспоставиме брза и точна дијагноза, потребна ни е и соработка од страна на сопствениците на милениците. Доколку одговорот на следниве прашање е *ДА* време е да ја посетите нашата ветеринарна амбуланта "ЗООВЕТ-ЦЕНТАР":


  • Вашиот миленик лесно се заморува при мал напор
  • Има сува или масна кожа
  • Има болви, крлежи или вошки
  • Има влакно без сјај, лесно го губи, на делови од телото му недостасуваат влакна
  • Не се однесува нормално-не е активен
  • Има отоци, израстоци по телото
  • Има напади и периодично губи свест
  • Има зголемен апетит и видлива промена во тежината
  • Повраќа или веднаш ја враќа храната или водата која ја земал
  • Има необичен изглед на изметот (мек, крвав, со примеси на слуз, сива или бела боја)
  • Го влече задниот дел на телото од земја
  • често повраќа, има пролив и исфрла глисти
  • Од ушите се чуствува непријатен мирис
  • Видно зголемен обем на стомакот ( со исклучок кога женката е гравидна)
  • Има промени на слузокожата (секрет од очите или носот, замаглена рожница)
  • Ја тресе главата и ги чеша ушите
  • Очните капаци се воспалени или отечени со исцедок
  • Шепите на нозете се инфицирани или има долги нокти
  • Чудно дише (забрзано или забавено), кашла
  • Пие многу вода
  • Има наслаги на забите со темна боја и непријатен здив од устата
  • Непцата во устата му се силно црвени или отечени
  • Има лоши навики (лае, обележува територија, покажува агресивност)
  • Има болна преосетливост на одредени делови по телото, отоци или болки при движење
  • Се чеша, лиже или се гризе по телото
  • Миленикот е нерасположен , лежи сам во некој агол и р’жи кога ќе му се приближите

ХИРУРГИЈА – што треба да знаете за хируршката интервенција на Вашиот миленик

Во нашата ветеринарна амбуланта се вршат различни хируршки интервенции. Вршиме операции, од оние кои во ветеринарната пракса се сметаат за рутински,како што се:стерилизација,кастрација,царски рез,хернија па се до високо специфични хируршки зафати. Нашата цел е на едно место да се обединат сите услуги на амбулантна дијагностика и лечење, хируршко лечење и во непосредна врска со тоа и рехабилитација на животните. Постојат многубројни причини заради кои Вашиот миленик може да биде изложен на некој хируршки зафат. Потполно е разбирливо што повеќето сопственици на домашни миленици имаат страв или непријатност кога нивниот миленик треба да биде опериран. Меѓутоа треба да се има предвид дека некогаш хируршката интервенција е единствено тераписко решение за опоравување и лечење на Вашиот миленик. Без разлика дали се работи за превентивна или тераписка хирургија, Вашиот миленик ќе помине низ одреден протокол,за што Вие како сопственик ќе бидете запознаени.По извршената операција секој пациент е постоперативно згрижен додека стане свесен и неговите витални знаци и функции се стабилизираат.Сопственикот на животното добива детални упатства околу негата и однесувањето на миленикот во домашни услови.

назад на почеток

КОМПЛЕТНА ДЕРМАТОЛОШКА ДИЈАГНОСТИКА

Кожните болести многу често се среќаваат во мала пракса.Некои од нив може да се пренесат и на луѓето,некои може да бидат упорни,а некои дури и фатални за животното.Заради тоа особено е важно навремено да се препознаат и да се лечат на соодветен начин.Кожата претставува прва препрека и заштита од микроорганизми , штетни агенси и токсини. Кожата е првиот индикатор за здравствената состојба на животното. Во ветеринарната пракса проблемите со кожата кај домашните миленици заземаат од 25% до 35 % од вкупниот број на пациенти.

  • Болви
  • Демодикоза
  • Проблеми од разни инсекти
  • Ушна шуга
  • Шуга кај мачки и кучиња
  • Вошливост

назад на почеток

ЛАБОРАТОРИСКИ ИСПИТУВАЊА

  • анализа на урина
  • анализа на крв
  • микробиолошки анализи
  • микроскопски анализи
  • паразитологија

За да се започне со соодветна и ефективна терапија на Вашиот миленик, прво мора да се востанови точната дијагноза на болеста.Затоа ни служат бројните лабораториски анализи кои секојдневно ги правиме во нашата амбуланта. Освен за востоставување на дијагноза, тие ни служат и за проценка на тежината и следење на текот на болеста. Важно е да се нагласи дека постојат големи разлики помеѓу хуманата и ветеринарната дијагностика, па затоа најдобро е да сите анализи врзани за Вашиот миленик да му ги препуштите на вашиот ветеринар и на специјализирана ветеринарна лабораторија.

Вадење и анализа на крвта
Проценката на хематолошките или биохемиските параметри на крвта на Вашето куче или мачка е една од најважните дијагностички методи.Голем број болести оставаат траги во крвната слика и биохемиските параметри кои искусен ветеринар ќе знае да ги протолкува и да дојде до точна дијагноза на болеста. Со анализа на крвта може да се провери и функционалната состојба на органите, како што се црниот дроб, бубрезите и панкреасот.Така, ако редовно ја контролирате крвта на вашето милениче ќе може навреме да се воочат промените кои укажуваат на самиот почеток на болеста, а ветерионарот во тој случај навреме ќе го спречи понатамошниот тек на болеста. Кога и да го носите вашиот миленик на ветеринар, прашајте дали анализата на крвта може да помогне во дијагностиката. Сигурно би сакале да ги направите ако сте Вие во прашање, зарем не?

назад на почеток

СТОМАТОЛОШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

  • Ултразвучно отстранување на забен камен
  • Вадење заби
  • Полирање на заби


Насобирањето на забен камен преставува сериозен здравствен проблем и кај мачките и кај кучињата. Наслагите од забен камен лесно го потиснуваат непцето, корените за забот стануваат изложени, доаѓа до појава на *џебови* во забното месо, парандентоза и на крај до паѓање на забот. Забниот камен заедно со бактериите кои се наоѓаат во него претставуваат извор на инфекции за миленикот. Малите раси кучиња и персиските мачки се особено подложни на овој проблем. Насобирањето на забен камен е многу непријатно и за самиот сопственик поради многу непријатниот мирис кој се шири од устата на миленикот. Кога еднаш ќе се создаде, забниот камен може единствено да се отстрани само со стручна интервенција. Ние препорачуваме забниот камен да се отстрани со помош на ултразвучен апарат. По вадењето на забниот камен важно е да се исполираат забите бидејќи на тој начин се забавува процесот на повторно таложење на забниот камен.

назад на почеток

УЛТРАЗВУК-ДИЈАГНОСТИКА

Примената на ултразвук во ветеринарната пракса преставува современо дијагностичко средство со кое се добиваат целосни информации за здравствената состојба на пациентот и воспоставување на точна дијагноза.Прегледот со ултразвук е сигурна дијагностика која ни овозможува добивање на информации за внатрешната градба на органите во градната шуплина ( првенствено на срцето) и органите во абдоменот (црн дроб, бубрези, дигестивен тракт, репродуктивен тракт).

УЛТРАЗВУК ВО ВЕТЕРИНАРНАТА МЕДИЦИНА

-примена кај кучиња и мачки-


Примената на ултразвукот во ветеринарната медицина како современо дијагностичко сретство станува се пораширено во нашата земја.Имено треба да се земе во предвид предноста од ова дијагностичко средство како и лимитот на ултразвучниот преглед.


Сопственицитe на домашните миленици требе да ги знаат некои основни начела при употребата на оваа дијагностичко сретство.Многу често аналогијата на примената на ултразвукот во хуманата медицина доведува до конфузија и создава заблуди кај сопствениците кога се во прашање нивните миленици.


Ултразвуниот преглед е сигурна,неинвазивна дијагностичка метода која овозможува информации за внатрешните органи во градната и абдоминалната шуплина.Со примена на ултразвукот е овозможено да се следат функциите на некои органи.


Ултразвукот има примена во дијагностиката на заболувањата на градниот кош(првенствено на срцето и на другите органи),на органите во абдоменот(црниот дроб,бубрезите,дигестивниот тракт,репродуктивните органи), во офталмологијата, како и кај некои заболувања кои се поврзани со локомоторниот систем.


Прегледот со ултразвук не може да ги замени другите дијагностички методи (како ренгенот),туку заедно со останатите дијагностички методи помага во добивањето на комплетни информации за здраствената состојба на пациентот.


Потребно е да се нагласи дека квалитетот на прегледот со ултразвук зависи од компетентноста , стучноста на оној кој го врши прегледот и квалитетот на самиот апарат.


Посебно е важно правилно да се припреми пациентот за самиот преглед.Пациентот мора да биде адекватно позициониран (многу е ретка примената на седатив кај овој преглед), а влакната од регијата низ која ќе гледаме мора да биде отстранета како за хируршка интервенција.Влакното има тенденција да собира нечистотија која може да представува артефакт при прегледот и исто така да оневозможи добар контакт на ултразвучната сонда и кожата на пациентот.Затоа што воздухот е посебно неподобна средина за ултразвукот,примената на ултразвучниот гел е неопходна да би се овозможил потребниот контакт со кожата на пациентот и со тоа да се добие задоволителна слика.


Квалитетена ветеринарна пракса подразбира запознавање на сопственикот на пациентот со техниката на изведување на прегледот,кои органи е возможно да се видат и кои патолошки промени можат на нив да се дијагностицираат.Како пример кој често се спомнува во ветеринарната пракса е прегледот на репродуктивните органи кај кучињата и мачките.


Квалитетот на дијагностичката информација која се добива при ултразвучниот преглед на машките и женските полни органи многу се разликува.Така на пр.,прегледот на тестисите и простатата кога не се патолошки променети,многу е поедноставен во споредба со прегледот на физиолошки нормални женски полни органи.


Јајниците и матката кај кучињата и мачките кога нема патолошки промени, многу е тешко квалитетно да се прегледат поради анатомските специфичности.Таквиот преглед бара висока стручност на оној кој го врши прегледот и искучителна квалитетна опрема.


Од друга страна,дијагностиката и пратењето на бременоста преставува рутинска процедура во ветеринарната пракса кај малите животни.Бременоста е можно да се дијагностицира помеѓу третата и четвртата недела од гравидитетот,додека прегледот на секои две недели после тоа овозможува да се следат и виталните функции на плодот. Бројот на плодови не е секогаш возможно да се одреди,посебно кај случаевите кога тој е поголем .Анатомската специфичност на полните органи кај кучката и мачката оневозможува да се одреди точниот број на плодовите,единствено во случаевите кога тој број е многу мал.Во тој случај,кога бројот на плодовите е мал,ултразвукот е неопходен за да се следат виталните функции на плодот и евентуално да се одреди најдобриот момент за изведување на царски рез.За разлика од употребата во хуманата медицина,во ветерината на малите животни со ултразвучниот преглед не е возможно да се одреди полот на потомството.


Кај некои заболувања на уринарниот тракт (заболување на бубрезите и бешиката) со ултразвучниот преглед може многу лесно и сигурно да се дојде до дијагноза.Каменчиња во бешиката и евентуално во бубрезите лесно е да се дијагностицираат со ултразвукот.Исто така промени на бубрезите,како што е hidronefroza, PKD (полицистична болест на бубрезите кај мачките), периренални заболувања,туморите можат да се откријат веќе во почетниот стадиум и со тоа да се овозможи навремена терапија.


Дополнителна употреба на ултразвукот во ветерината наоѓа примена при процедури како што се:

  • Ултазвучно водење на биопсија на внатрешни органи за хистопатологија
  • Ултразвучно водењење на аспирација (FNA) на органите за цитологија
  • Цистоцентеза,за земање на дополнителна анализа на урина
  • Аспирација на содржината од жолчната кеса за култура и холангиографија
  • Дијагностика и дренажа на абцеси и цисти
  • Бубрежна пијалоцентоза

назад на почеток